Академија Пандев ремизираше со Борец на домашен терен

Академија Пандев продолжува со резултатската криза, откако денес ремизираше (0:0) и со жилавиот Борец на домашен терен, во натпревар од 21. коло од Првата лига.

Академија Пандев - Борец - 21. коло - ПМФЛ 2019-2020

„Пандевци“ не знаат за првенствата победа веќе три месеци, а денес не успеаа да го совладат ниту најлошиот гостин во лигата. Академија Пандев останува на петтто место на табелата со 25 освоени бодови, додека Борец е последен со 21 бод.

Во следното коло, Академија Пандев ја очекува тешко гостување во Скопје, против „ремонтираниот“ Работнички, кој игра одлична пролет. „Романтичарите“ запишаа две пролетни победи и едно реми против Вардар. Пред дуелот со Работнички во 22. коло од ПМФЛ, Академија Пандев ја очекува и тежок натпревар на домашен терен против Шкупи во рамките на Фудбалскиот Куп на Македонија.

Лидер на табелата е Вардар со 43 освоени бодови, 8 бода помалку има Шкендија која е втора на табелата, додека Силекс со 32 бодови е на третото место. На четвртото место е Макеонија ЃП со 29 бодови, а бод помалку има Академија Пандев која е петта.

На долниот дел од табелата е Борец со 21 бод, 22 бодови има Работнички кој е деветти, додека Ренова е осма со 25 бодови, а исто толку бодови имаат и Струга Трим Лум која е седма и Шкупи кој е шестти.

Comments are closed.

bilbord