Струмичанец повреден во сообраќајна несреќа кај Штип

Вчера во 15 часот било пријавено дека на патот Миладиновци–Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(41) од Струмица и „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Р.М.(60) од с.Дабиле-Струмичко.полиција

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило Н.М.(56) од с.Дабиле и Н.Д. по што биле пренесени во Медицинскиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, соопшти полицијата./Makfax

Comments are closed.

bilbord