Фудбалските прволигаши и второлигаши ќе играат натпревари без гледачи

По добиената препорака од Владата до сите спортски клубови и институции, натпреварите кои што ќе се одржат до 6. март 2020 година, ќе се одржат без присуство на публика, а од ФФМ официјално потврдија дека сите натпревари од 21. коло од ПМФЛ, и 15. коло од Втората лига – Исток и Запад ќе се одиграт без присуство на публика.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Овој викенд ќе се играат пет натпревари од ПМФЛ и десет натпревари од ВМФЛ, па сите љубители на македонскиот фудбал, натпреварите ќе може да ги следат на телевизија и на интернет преноси преку официјалниот сајт на ФФМ.

 

Comments are closed.

bilbord