Успешно заврши Куп на Карневалот Струмица 2020

Упешно заврши Куп на Карневалот Струмица 2020. 14 екипи, преку 200 учесника учествуваа оваа година на 4-от по ред Меѓународен турнир Куп на Карневалот Струмица 2020.

Куп на Карневалот - 2020 - екипи

Се одиграа 29 натпревари во спортската сала при СОУ „Димитар Влахов“. Одлични натпревари, акции и многу голови го красеа нашиот турнир.
Во кадетското финале ЖФК Топ Гол го освои првото место со победета над Јантра од Бугарија додека пак во
младинското финале одлучуваа пеналите за победа на шампионот на Бугарија ЖФК НСА Софија над домашната Тиверија

Кадетска конкуренција: Најдобар стрелец Анастасија Велинова (Тиверија), најдобар голман Радослава Георгиева (Јантра),
најдобар играч Анастасија Илиевска (Топ Гол), а најдобар тренер во кадетска конкуренција беше прогласен Владимир Маџароски од ЖФК Кул Скопје, Фер плеј екипа Бароко Софија
Индивидуалните награди во кадетска конкуренција ги додели Славе Велков – Тренер на ЖФК Тиверија Струмица

Пласман кадетки:
1. Топ Гол Битола
2. Јантра Габрово
3. Тиверија Струмица
4. Кул Скопје
Наградите за најдобрите екипи во кадетска конкуренција ги додели Кирил Изов – Селектор на А репрезентацијата на Македонија

Од страна на претставникот на Карневалскиот одбор Панче Беџовски на екипите финалисти им беше доделен пригоден подарок

Младинска конкуренција: Најдобар стрелец Преслава Иванова (Јантра), најдобар голман Теодора Тошкова (НСА Софија),
најдобар играч Радица Велкова (Тиверија), а најдобар тренер во кадетска конкуренција беше прогласен Божиа Ноева од ЖФК НСА Софија, Фер плеј екипа Љуботен Тетово
Индивидуалните награди во младинска конкуренција ги додели Александар Ќучуков – Претседател на ЖФК Тиверија Струмица

Пласман кадетки:
1. НСА Софија
2. Тиверија Струмица
3. Деспина Прилеп
4. Јантра Габрово
Наградите за најдобрите екипи во кадетска конкуренција ги додели Александар Ненчев – Советник во Советот на Општина Струмица.

Сите 29 натпревари одлично ги судеше судиската тројка Рајчевска, Цветановиќ, Петковска

„ЖФК Тиверија Струмица изразува огромна Благодарност до сите кои беа вклучени во организација на нашиот турнир, особено на тренерите Славе Велков и Александра Ристовска, Секретарот на клубот Марија Џевалекова, и сите девојки од првиот тим на ЖФК Тиверија Струмица кои беа присутни и помагаа на турнирот

Благодарност до Советот и Градоначалникот на Општина Струмица г-дин Коста Јаневски без чија помош турнирот немаше да биде на потребното ниво“, истакнаа од ЖФК Тиверија Струмица на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

bilbord