КК Струмица гостува кај КК Шкупи

Кошаркарите на КК Струмица, во недела ќе гостуваат во Скопје, кај екипата на КК Шкупи, во натпревар од 12. коло од Втората кошаркарска лига – Исток.

КК Струмица - КК ТФТ Скопје - 8. коло - Втора лига - Исток

По 11. одиграни кола, кошаркарите на КК Струмица се наоѓаат на второто место на табелата, со 18 освоени бодови, еден помалку од лидерот ТФТ, додека КК Шкупи е шестти со 14 бодови.

Судии на овој натпревар ќе бидат Панов Т., Червенка Ј. и Деспотовски М., додека за делегат на натпреварот одреден е Цветковиќ С. Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот, во “Шабан Трстена” во Скопје.

Comments are closed.

bilbord