ВО БОЛНИЧКА ИЗОЛАЦИЈА ВОЗАЧОТ НА КОМБЕТО СО КОЕ ПАТУВАШЕ И ЗАРАЗЕНАТА ПАЦИЕНТКА СО КОРОНАВИРУС

Резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица е негативен, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус. Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека возачот сам се јавил и кажал дека има симптоми на кашлица и болки во градите.venko

Посочи дека возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а пред неколку часа поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, е спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

Comments are closed.

bilbord