Познати судиите за натпреварот меѓу Осогово и Беласица

Екипата на Беласица во сабота ќе гостува во Кочани, кај Осогово, во натпревар од 15. коло од Втората лига – Исток. Овој натпревар ќе биде прв натпревар за второлигашите во пролетниот дел од сезоната.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Беласица како лидер на табелата и поради подобрата екипа и форма, влегува како фаворит на овој натпревар за победа. Главен судија на овој натпревар ќе биде Ѓорѓиевски Владимир од Битола, додека негови помошници ќе бидат Степановски Петар и Кокевски Јовче, исто така од Битола. Четврт судија на натпреварот кој се игра во Кочани ќе биде Лековски Дени, од Битола. За делегат на натперварот одреден е Јанушев Бранислав од Скопје, додека контролор ќе биде Стојсавлевиќ Слободан од Прилеп.

Натпреварот се игра на градскиот стадион во Кочани, со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.

bilbord