Беласица гостува во Кочани кај Осогово

Екипата на Беласица во сабота ќе гостува во Кочани, каде против Осогово, во рамките на 15. коло од Втората лига – Исток, ќе го започне пролетниот дел од сезоната.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Гостите од Струмица ќе бидат фаворити за победа, поради многу подобрата форма и екипа во однос на Осогово. Во однос на табелата, Беласица е лидер со 34 освоени бодови, додека Осогово е на деветтото место на табелата со само 6 освоени бодови.

Бодовите им се потребни и на двете екипи. Беласица води голема „битка“ за првото место, и враќањето во елитата, додека Осогово ќе се обиде на секој натпревар да обезбеди бодови, бидејќи се бори за опстанок во Втората лига.

Comments are closed.

bilbord