Беласица со сигурна победа над битолски Пелистер

Беласица со сигурна победа над лидерот на табелата во Втората лига – Запад, Пелистер од Битола, откако денес на „Благој Истатов“ во Струмица, со 2:0, фудбалерите на Беласица беа подобри, во контролен натпревар.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Одлична игра на фудбалерите на Беласица во текот на сите 90 минути. Во 14.минута од натпреварот, по асистенција на Ивановски Зоран, Истатов Благој, стрелаше за 1:0. Повторно во листата на стрелци се запиша Истатов Благој, во 27.минута за 2:0.

Беласица ќе одигра уште еден контролен натпревар, кој воедно ќе биде и последен, а тоа е против екипата на Кожуф од Гевгелија. Овој натпревар ќе се одигра пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Comments are closed.

bilbord