Милан Басрак е најново засилување за Академија Пандев

Милан Басрак е најново засилување за Академија Пандев. Се работи за 25-годишен играч, роден во Сент Гален, Швајцарија, кој игра на позицијата централен напаѓач. Во Академија Пандев доаѓа од екипата на Смедерево, а претходно има настапувано за екипите на Партизани, Катанцаро, Татран Прешов, Напредак Крушевац.

Милан Басрак - Академија Пандев

Со доведувањето на Милан Басрак и Ндуе Мујеци како централни напаѓачи, Марио Крстовски е испратен на шест месечна позајмица во тимот на Работнички, каде ќе настапува до крајот на оваа сезона.

Comments are closed.

bilbord