Диетален напиток со 0 калории и многу енергија

Зајакнете го метаболизмот со само неколку голтки нискокалорична детоксикациска вода. Овој напиток од јаболки и цимет скоро и да нема калории, може да ви помогне во слабеењето и што е најважно, да ви даде многу енегрија.napitak-voda-cimet-jabuka

 

Состојки:

– 2 големи или 3 помали јаболки

– 2 стапчиња цимет

– 1 стаклено шише со широко грло

– 1 литар обична вода

Подготовка:

Јаболките измиени исечете ги на тенки кришки и ставете ги во шишето. Додадете две до три стапчиња цимет. Состојките прелијте ги со вода, затворете го шишето и оставете го во ладилник да отстои преку ноќ. Водата пијте ја секој ден.

Совет:

Во водата може да исцедите малку сок од лимон, мандарина или портокал.

Кога ќе ја испиете водата состојките повторно прелијте ги со свежа вода и оставете да отстојат како првиот пат.

Истите состојки можете да ги користите дури три пати.

Comments are closed.

bilbord