Академија Пандев против Шкендија го започнува пролетниот дел во ПМФЛ

Првенствените натпревари од Првата македонска фудбалска лига продолжуваат викендов што следува. Академија Пандев уште на почеток ја очекува дерби дуел на домашен терен против актуелниот шампион, Шкендија од Тетово.

Академија Пандев - Шкендија
Натпреварот се игра во недела, со почеток во 13:00 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Влезот ќе биде слободен.
Од овој натпревар ќе има и директен пренос на првиот канал на МРТ како и на регионалниот спортски канал Арена Спорт.

Comments are closed.

bilbord