РК Астраион се подготвува за пролетниот дел од сезоната

Екипата на РК Астраион се подготвува за пролетниот дел од сезоната, во Првата ракометна лига. Откако првиот дел од подготовките го завршија во Струмица, ракометарите на Астраион вториот дел ќе го одработат во Дојран.

ФОТО: РК Астраион

ФОТО: РК Астраион

Астраион е лидер на табелата во Првата лига – Група 1, со вкупно 37 освоени бодови, додека второпласиран е ланскиот суперлигаш РК Прилеп со 33 бодови. Во плеј-офот влегуваат по четири екипи од двете групи, каде од овие осум екипи, првопласирана ќе обезбеди директен влез во „елитата“, додека второпласирана ќе одигра бараж натпревар со деветтата екипа од Суперлигата.

Comments are closed.

bilbord