Беласица со реми на контролката против Царско Село

На четвртиот контролен натпревар екипата на Беласица ремизираше со Царско Село. Домаќините уште на почетокот на натпреварот го отворија резултатот, а во 23. минута го зголемија водството на 2:0. Голман на Беласица, Ѓоргиев Димитар, во 35.минута одбрани пенал, со што спречи убедливо водство на домаќините.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

 

Беласица одигра одлично второ полувреме. Во 48.минута капитенот Милушев Александар го намали резултатот на 2:1 од пенал, по направениот прекршок врз Истатов Благој. Ивановски Зоран во 58.минута го изедначи резултатот, по асистенција на Калпачки Давид. До крајот на натпреварот струмичани имаше уште неколку шанси кои не беа реализирани за целосен пресврт.

Comments are closed.

bilbord