Овој месец продолжуваат натпреварите од Јуниор лига – Југоисток

Овој месец ќе продолжат натпреварите од јуниор лигата – Југоисток. Натпреварите се закажани за 22 односно 23 февруари за двете групи.

Во првата група ГРК Тиквеш игра против РК Младост, додека РК Вардар од Неготино силите ќе ги одмери со РК Партизан. Во втората група, РК Радовиш ќе игра против РК Бисинов Вардар од Велес, РК Младинец ќе го пречека РК Торо Спорт од Виница, додека екипата на РК Астраион во оваа коло ќе биде слободна.

Comments are closed.

bilbord