Академија Пандев денес одигра два натпревари на подготовките во Анталија

Сениорскиот тим на Академија Пандев денес одигра два натпревари на подготовките во Анталија, Турција. Предпладне играа помладите играчи кои се приклучени кон првиот тим во комбинација со неколку сениори и остварија победа над екипата на Коњаспор У18 со резултат 3:0.

Академија Пандев - со два контролни натпревари во Анталија

Попладне сениорите одиграа 2:2 со бугарската екипа Септември од Софија. Стрелци на головите беа засилувањата Ндуе Мујеци и Ангел Гранчов. По подолго време настапи и Бојан Најденов кој се враќа од операција на препоните.

Следниот натпревар се игра во вторник против екипата на Ротор од Русија.

Comments are closed.

bilbord