Академија Пандев ја победи Спартак Суботица во контролен натпревар

Академија Пандев забележа пбеда со реузлтат од 2:1 на денешниот контролен натпревар против српскиот суперлигаш Спартак Суботица. Стрелци на головите за Академија Пандев беа Марио Крстовски кој го потврди лоб ударот на Сашко Пандев, а вториот гол го даде нигериецот Еменике кој е на проба, а ќе одигра уште неколку натпревари за „пандевци“ пред одлука за ангажман.

Академија Пандев - Спартак Суботиница - контролен натпревар

Прв состав: Чубраковиќ, Јованов, Цикарски, Гранчов, Костов, Томовски, Стоилов, Танушев, Миловановиќ, Дориев, Мујеци.

Влегоа во игра: Илиев, Темелков, Глигоров, Пандев, Велиновски, Еменике, Николов, Крстовски, Димов.

Следната контролка на Академија Пандев ќе биде во сабота против екипата на Септември Софија од Бугарија.

Comments are closed.

bilbord