Струмички ловџија погоден од ловен патрон за време на лов

На 26.01.2020 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во 08.00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, Н.Н.(64) од Струмица, додека бил на лов заедно со други лица, бил погоден од ловен патрон во пределот на градите. Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.полиција

Comments are closed.

bilbord