Мите Цикарски ја засили Академија Пандев

Мите Цикарски е најновото засилување за Академија Пандев. Испразнетото место на левата бековска позиција од денес е пополнето со квалитетно засилување. Цикарски е поранешен репрезентативец на Македонија, а во својата кариера има настапувано за екипите на Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Вардар, Работнички.

Мите Цикарски - Академија Пандев

„27-годишниот лев бек веќе се приклучи на тренинзите на сениорскиот тим. Му посакуваме добредојде на Мите во екипата и одлични настапи во сино-белиот дрес“, истакнаа од Академија Пандев.

Comments are closed.

bilbord