Давид Атанаскоски си замина од Академија Пандев

23-годишниот Давид Атанаскоски си замина од Академија Пандев, со што „Пандевци“ ќе направат промена на левата бековска позиција. Младиот Атанаскоски моментално бара клуб како слободен играч. Тој во дресот на Академија Пандев во оваа полусезона одигра 15 натпревари. На негово место многу веројатно ќе дојде Мите Цикарски, кој го раскина договорот со романската екипа Газ Метан, па моментално е без клуб. Покрај Атанаскоски, Академија Пандев ја напушти и Михаил Маневски, кој премина во штипска Брегалница.

Давид Атанаскоски - ја напушти Академија Пандев

„По взаемена согласност помеѓу клубот и играчите Давид Атанаскоски и Михаил Маневски беше потпишан предвремен раскин на договорите кои им истекуваа на лето. И на двајцата им благодариме за се што досега прикажаа за нашиот тим и им посакуваме успешна понатамошна кариера“, истакнаа од Академија Пандев.

Comments are closed.

bilbord