Со Нордиска диета слабејте без гладување

По две години истражување концептот наречен Нордиска диета би можел да биде потполна револуцијана подрачјето на здрава и балансирана исхрана.dieta3

Оваа диета ги покажала следниве резултати: за 12 недели, природно се губат три килограми.

„Тешко е да се одреди како делува секоја состојка, но очигледно е дека се губат килограми“ – изјавил професорот Thomas Larsen.

Во основа овој начин на исхрана содржи некои состојки кои се класични и се неизбежни во нордиската кујна: риба, оревести плодови, топчесто овошје и сиров зеленчук, месо од дивеч.

Уште една од главните идеи на оваа диета е умереноста и избегнување на изгладнувањето.

Останатите принципи се:

Јадете храна од вашиот регион

Хранете се со продукти кои успеваат во вашиот регион и зголемете ја креативноста со сезонската храна.

Домашните оброци се клучни за диетата

Со домашното готвење се препорачува подготовка на едноставни јадења кои се готови за половина до еден час.

Јадете повеќе разновидни прилози

Повеќето различни јадења и прилози ќе го направат оброкот поздрав, а прилозите се всушност клуч за здравата исхрана. Прилогот треба да се состои од зеленчук варен во вода, или на пареа со малку оцет, маслиново масло, сенф или магдонос. Како зачини можете да користите и ким, јогурт или лимон.

Маснотијата заменете ја со благи зачини

Наместо да го пржите зеленчукот, мрсниот начин на подготовка заменете го со шеќер. Користете мед наместо масла за да го намалите горчливиот вкус на сварениот зеленчук.

Киселото е важно

Во секојдневното јадење користете кисели краставички, цвекло и домати.

Comments are closed.

bilbord