Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски е најдобар тренер за изминатата сезона во македонскиот фудбал

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, е прогласен за најдобар тренер за изминатата сезона во македонскиот фудбал, на гала-вечерта во организација на ФФМ.

Југослав Тренчовски - најдобар тренер на сезоната

Тренчовски имаше успешна и историска сезона, откако ја донесе првата Куп-титула со Академија Пандев, додека во Првата лига, „Пандевци“ завршија на третата позиција со 58 освоени бодови и имаа европска авантура. Академија Пандев есенскиот дел од тековната сезоната го заврши на третото место со 27 освоени бодови и е во игра за првата позиција.

Академија Пандев исто така беше избрана за најдобрата фер плеј екипа за сезона 2018/19 година, а тоа се должи најмногу затоа што оваа екипа имала најмал број на жолти и црвени картони.

 

Comments are closed.

bilbord