Марио Маслаќ ја замени Академија Пандев со Раднички Ниш

29 – годишниот централен дефанзивец Марио Маслаќ кариера ќе ја продолжи во екипата на Раднички Ниш.

Марио Маслаќ - Академија Пандев - трансфер - Раднички Ниш

Маслаќ претходно играше во Беласица и Академија Пандев, па по едногодишна авантура овде, тој ќе се врати во родната земја. Тој претходно настапуваше во Војводина, односно играше во српското првенство во 2017 година.

Претходно, Академија Пандев се засили со 27-годишниот поранешен младински репрезентативец на Бугарија Ангел Гранчов, кој игра на позицијата централен дефанзивец.

Comments are closed.

bilbord