Средствата од концертот „ДЕЦЕНИЈА“ за лекување на Стојче Јовановски

Mинатата недела во СОУ „Јане Сандански” започна продажбата на влезниците за јубилејниот хуманитарен празничен концерт ДЕЦЕНИЈА кој ќе се одржи на 5 јануари.event

Струмичани повторно ја покажуваат својата хуманост и на првиот продажен ден распродаден е 70% од капацитетот на салата за двата термина. Средствата од продадените влезници ќе бидат донирани за лекување на струмичанецот Стојче Јовановски.

Mинатата недела беше објавено ново промотивно видео кое открива дека на сцената во НУЦК „Антон Панов” ќе настапат околу 100 учесници oд сите генерации меѓу кои и Александра Јанева, Јовче Пандев, Ивана Василева, Ристе Гавровски, Васко Дедејски, Ана Цамбулева, Ангела Илиева, Слободанка Караманова, Стефанија Стамболиска и други солисти придружувани од бендот и хорот.

Продажбата на преостанатите влезници по цена од 150 денари продолжува во понеделник во период од 12:30 до 13:30 во просториите на СОУ „Јане Сандански”.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o