РК Астраион обезбеди пласман во Плеј-офот во Првата ракометна лига

Ракометарите на Астраион одиграа одлична полусезона во Првата ракометна лига – Група 1, а тоа го потврдија со обезбедениот Плеј-оф како и со првото место во групата.

РК Астраион - РК Алушовски - Струмица - 15. коло Прва ракометна лига - Група 1

РК Астраион во есенскиот дел од сезоната запиша 12 победи, едно реми и еден пораз, при што успеа да собере 37 бодови и да се зацврсти на лидерската позиција во Групата 1. До крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола за одигрување. Астраион во овие две кола ќе игра против екипата на Македонија ЃП на домашен терен и против ланскиот суперлигаш РК Прилеп на гостински терен. Откако ќе биде бидат одиграни овие два натпревари ќе започне Плеј-оф завршницата. Екипата која ќе заврши на првото место во Плеј-офот обезбедува директен влез во Суперлигата, екипата која ќе заврши на второто место во Плеј-офот, ќе игра бараж натпревар со екипата која ќе заврши на деветтото место во Плеј-аутот од Суперлигата.

 

Comments are closed.

bilbord