Кадетите на РК Астраион на првото место во својата група во кадетската ракометна лига

Кадетите на РК Астраион имаа одлична полусезона, а тоа го потврдија со прво место во кадетската ракометна лига – Група 3.

РК Астраион - кадети - РК КЛ-7

РК Астраион во кадетска конкуренција има шест победи и само еден пораз, и со 18 бодови е на првото место на табелата. На второто место е РК Радовиш со три бода помалку, додека по 12 бодови имаат екипите на РК Делчево Вардар, МРК КЛ 7 – Свети Николе и РК Вардар Неготино. Екипата на Верна Акумулатори има 9 бодови и се наоѓа на шесттото место, РК Партизан – 2016 Спорт со 6 бодови е на седмата позиција, додека ГРК Тиквеш 2014 е последен со минус 1 бод.

Кадетската екипа на РК Астраион е на добар пат да обезбеди учество на Final 4 турнирот.

Исто така, РК Астраион во сениорска конкуренција полусезоната ја заврши на првото место на табелата во Првата ракометна лига – Група 1.

Comments are closed.

bilbord