РК Астраион забележа убедлива победа во Штип против РК Текстилец

Ракометарите на Астраион во Штип запишаа убедлива победа над РК Текстилец, во натпревар од 16. кол од Првата ракометна лига – Група 1, со резултат од 23:33.

РК Астраион - екипа - 21.12.2019

Листата на стрелци кај Астраион ја предводи Ончев со 6 гола, а по него следуваат Наков 5, Караиванов 5, Катранџиев 4, Спасов 3, Велков 3, Касапов 2, Рингов 2, Ефтимов 1, Бонев 1, Кочев 1, Котевски.

Астраион есенскиот дел од сезоната го завршува на првото место во Групата 1 и обезбедува пласман во плеј-оф лигата за борба за влез во Суперлигата.

„Кадетската екипа исто така заврши на 1-во место во својата група и е на добар пат да обезнеди учество на Final 4 турнирот со што оваа година ја заокружуваме како успешна година и за следмата година продолжуваме според планираните амбиции. Се гледаме во 2020-та година со подобар и повозбудлив ракомет и поголема поддршка во спортска сала ПАРК“, истакаа од РК Астраион на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o