РК Астраион победи во дербито против РК Јуниор К.В. во Скопје

Ракометарите на Астраион од Струмица, на вчерашното гостување во Скопје, го добија дербито против Јуниор К.В. со 23:25, во натпревар од 14. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

РК Астраион - РК Алушовски

„Астраионци“ ја запишаа својата 11 сезонска победа, додека ракометарите на Јуниор К.В. го впишаа својот четврти сезонски пораз. Најдобар стрелец на овој натревар за Астраион беше Караиванов со 10 постигнати голови, по него следуваа Велков со 5, Наков и Ончев со по четири погодоци. Кај домаќините надобар стрелец беше Башевски со 8 погодоци.

Струмичани со оваа победа се лидери на табелата со 34 освоени бодови, веднаш зад нив се Прилеп со 30 бодови, додека Јуниор К.В. е на делба на третото место со Вардар Неготино со по 25 бодови.

Во следното коло Астраион ќе гостува во Штип, каде ќе игра против Текстилец, со што ќе се заокружи есенскиот дел од сезоната. Во пролетниот дел од сезоната, ќе останат две кола за комплетирање на регуларниот дел од сезоната. Натпревар против Македонија ЃП во Струмица и натпревар против ланскиот суперлигаш Прилеп на гостински терен. Откако ќе бидат одиграни овие два натпревари, ќе почне плеј оф и плеј аут завршницата.

Comments are closed.

bilbord