Тренерскиот тандем од Академија Пандев, Васко и Иван: После натпреварите во Белград, имаме појасна слика до кое ниво сме!

Младите фудбалери (генерација 2010) на Академија Пандев, изминатите денови одиграа неколку натпревари во Белград, Србија. За младите фудбалери на Академија Пандев, оваа беше големо искуство, бидејќи таму силите ги одмерија со екипите на Чукарички, Партизан и Црвена Звезда.

Тренер млади категории - Академија Пандев 2 - Copy

„После тридневниот престој во Белград и фудбалските средби со српските фудбалски великани, имаме појасна слика до кое ниво сме во светски рамки и кои се главни разлики од нас и најголемите клубови. Се има идеја како да се комбинираат во блиска иднина нашите 3 генерации, со цел да се вади уште повеќе резултати и да имаме поголем напредок. Ако не си спремен да учиш и да се прилагодуваш, напредок не може да има“, истакнаа тренерите на младите категории на Академија Пандев, на официјалната страница на Академија Пандев за младински категории.

Comments are closed.

bilbord