IV традиционален меѓународен турнир Куп на Карневалот Струмица 2020

ЖФК Тиверија Струмица и наредната година ќе го организира меѓународниот турнир за девојчиња „КУП НА КАРНЕВАЛОТ СТРУМИЦА 2020“ во период од 22 до 23 Февруари 2020 година.

Куп на Карневалот - 2019

„Секоја година нашиот турнир е предвесник на познатиот Струмички Карневал. Поучени од минатогодишните искуства решивме 4-от турнир да го организираме во сала поради можните лоши временски услови.
Ќе имаме затоплена сала, поголемо време за натпревари и одлични услови за девојките.

Две категории:
- Младинки (Генерација 2003-2005)
- Кадетки (Генерација 2006-2008)
- 4 играчи во поле + голман

Пријавувањето трае додека се исполни бројката од 8 екипи по генерација“, истакнаа од ЖФК Тиверија Струмица на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o