Фудбалерите на Академија Пандев генерација 2010 се вратија од гостувањето во Белград

„Прекрасна вечер со која го затвораме патешествието во Белград. Од овие три дена и три супер јаки натпревари против моќните српски екипи, дефинитивно излегуваме појаки и ќе добиеме на ментална снага. Овие три резултатски порази ќе ни помогнат дури и повеќе отколку титулата на последно освоениот турнир“, истакнаа од ФК Академија Пандев на нивната фејсбук страница за млади категории, и додадоа:

„Денес на натпреварот момците одговорија одлично 25-30 минути, кога Звезда ни поведе со 2:1. Со таков резултат заминавме на пауза. Многу подобро покривање од вчера.Висок пресинг, борба, пас игра, корнери и обиди кон голот на противникот. Вакво полувреме не прави искрено горди! Голема слабост ни се прекините, на повеќе пати се покажува. Најчесто од слободни удари или корнери ни се одлепуват и после ни ги раздрмат редовите.“

Академија Пандев - екипа - генерација 2010 - Белград

„Конечниот резултат вели 9:1, а реално борбата и играта беше на ниво како првата против Чукарички. Имаше многу позитивни работи за вадење. Ни се врати уште повеќе ентузијазмот со оваа партија, а и луѓето од Звезда екстра однос спрема нас како гости имаа. Ако би имале зикерашки пристап, само да тепаме топка ради резултат, лесно би било можеби 3:1, 4:1, Ама целта ни е да пробаме да играме вистински фудбал, оти долгорочно гледано имаме за цел да пробаме да вадиме играчи кои знаат фудбал“, истакнаа од ФК Академија Пандев.

Comments are closed.

bilbord