Третина од човештвото не може да го види Млечниот пат поради светлосно загадување

Повеќе од 80 отсто од човештвото живее под небо преплавено од вештачка светлина, а третина од населението на планетата не може да го види Млечниот пат, според најновиот светски атлас на светлосното загадување, објавен во американското научно списание ScienceAdvances.Image-13

Споменатата мапа ќе овозможи проучување на вештачката светлина како загадувач со потенцијално влијание врз здравјето и екологијата, појаснуваат претставниците од меѓународната истражувачка група којашто ја составила.

„Овој нов атлас дава клучна документација за ноќната околина, додека технологијата на LED сијалици сé повеќе се наметнува во светот. Светлосните нивоа на LED технологијата и нејзините бои, за жал, би можеле да предизвикаат двојно, па дури и тројно повеќе осветлување на небото во текот на темните ноќи“, вели водачот на истражувачката група Фабио Фалки, истражувач од италијанскиот Институт за технологии и наука на светлосното загадување.

Во Западна Европа и онака веќе има многу малку места каде што ноќе небото останува релативно слабо загадено со вештачка светлина, на пример во Шкотска, Шведска, Норвешка и некои делови од Шпанија и Австрија.

Светлосното загадување привлекува релативно мало внимание и за разлика од другите загадувачи на природната околина, неговото ниво речиси воопшто не се мери, велат научниците.

Истите истражувачи, меѓу кои и Фабио Фалки, во 2001 година го составија првиот Меѓународен атлас на вештачкото осветлување. Атласот покажува дека повеќе од 80 отсто од светот и 99 отсто во САД и западна Европа живеат под небо загадено со вештачкото осветлување.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o