РК Астраион со победа над РК Бисинов во 3. коло од Јуниор Лига – Југоисток

Ракометарите на РК Астраион родени 2004 година и помали запишаа сигурна победа над РК Бисинов од Велес, во натпревар од 3. коло од Јуниор Лига – Југоисток.

ФОТО: Јуниор лига - Југостик

ФОТО: Јуниор лига – Југостик

Во група 1, покрај овој натпревар, се одигра и натпреварот меѓу РК Младинец од Кочани со 28:30 загуби на домашен терен од РК Радовиш, додека екипата на РК Торо Спорт од Виница беше слободна.

Во група 1, РК Младост со 31:16 беше подобар од Вардар Неготино.

Во однос на табелата, во Група 2, РК Радовиш е лидер со 9 бодови, РК Торо Спорт од Виница е втор со 3 бода, РК Младинец од Кочани е трет со 3 бодови, РК Астраион од Струмица со 3 бодови е четврти, додека РК Бисинов од Велес е последен, односо петти со нула бодови.

Во група 1, РК Младост од Богданци е прв со 9 бодови, ГРК Тиквеш е втор со 3 бода, РК Партизан од Гевгелија е трети со 3 бода, додека Вардар од Неготино е последен, односно четврти со нула бодови.

Проектот Јуниор Куп што минатата сезона се играше со четири екипи од Југоистокот, ги оправда очекувањата и за оваа сезона се покажа поголем интерес од клубовите за учество во истиот, со што од Куп стана Лига, односно Јуниор Лига – Југоисток, за играчи родени 2004 и помали. Форматот на натпреварувања е во две групи, од кои едната има четири, а другата 5 екипи.

Comments are closed.

bilbord