РК Астраион гостува кај РК Јуниор К.В. во Скопје

Ракометарите на Астраион во среда ќе гостуваат во Скопје, каде ќе играат против РК Јуниор К.В., во натпревар од 15. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

РК Астраион - РК Алушовски

Овој натпревар ќе биде вистинско дерби за двете екипи, бидејќи бодовите им се потребни за плеј-оф. Астраион е лидер на табелата со 31 освоен бод, додека Јуниор К.В. е на третото место со 25 бодови, исто колку што има и Вардар од Неготино кој е четврти. Три бода помалку од нив имаат ракометарите на Куманово кој се наоѓаат на петтото место.

Во претходното коло Астраион забележа победа над Алушовски во Струмица со резултат од 30:26, додека Јуниор К.В. со 34:30 славеше над Риниа М.

 

Comments are closed.

bilbord