Иван Николов потпиша професионален договор со Академија Пандев

Иван Николов потпиша професионален договор со прволигашот Академија Пандев. Николов е дел од Академија Пандев веќе три години каде настапуваше за младинските категории, а од оваа сезона е важен дел и во сениорскиот тим.

Иван Николов - Академија Пандев

„Академија Пандев гледа светла иднина во 17-годишниот репрезентативец на Македонија и ова е првиот негов професионален договор што не прави посебно горди. Му посакуваме многу успешни настапи во сино-белиот дрес, а еден ден и како дел од некој европски великан“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

 

 

Comments are closed.

bilbord