Ветераните на Пирин победија на Меѓународниот турнир во одбојка во Струмица

Ветераните на Пирин од Разлог, соседна Бугарија, се победници на меѓународниот одбојкарски турнир што се одржа викендот во Струмица, во организација на ветераните на Одбојкарскиот клуб Струмица. Во финалето, екипата од Бугарија ги победи домаќините, ветераните на Струмица со резултат од 2:0 во сетови. Ветераните на Рибница од Краљево, Србија, завршија на третото место, откако со 2:0 беа подобри од екипата на Тетово.

Овој турнир се одржува традиционално по десетти пат, по повод патрониот празник на Струмица „Светите петнаесет тивериполски свештеномаченици”.

Comments are closed.

bilbord