Што најмногу ги плаши мажите, а што жените?

Според резултатите од најновото истражување на компанијата Kalms направено во Велика Британија, се открива кои се најстресните животни ситуации кај луѓето.Sneg-kola-avtomobil couple-in-love (1)

Дури 23 отсто од мажите изјавиле дека планирањето на венчавка им било најстресната работа што некогаш ја направиле, а понатаму следи дека најмногу страв во животот на луѓето предизвикува доаѓањето на новороденче во семејството, селењето во друг дом и губењето на работа, пренесува Daily Mail.

Но, во самиот центар на сите стравувања со кои се соочуваат луѓето е постојаната загриженост поради евентуален недостаток на пари.

Иако се поотпорни на стрес кога станува збор за венчавка, истражувањето покажало дека и жените страдаат од страв предизвикан од организацијата на венчавката, а пријателите и семејството се голем извор на тешкотии и за двата пола.

Кога веќе станува збор за свадбата, испитаниците изјавиле дека најтешка задача им било составувањето на список на гости кои ќе ги викнат на свеченоста, додека финансиите биле втората најголема причина за стравување.

Потоа следуваат наметливите членови на семејството, мешањето на свекрвата или бабата кои во некои ситуации создаваат голем притисок на младите луѓе.

Во студијата биле вклучени 2.000 мажи и жени. Селењето во друг дом претставува најстресен животен настан за 37 отсто од анкетираните, а потоа следува раѓањето дете (34 отсто), венчавката (18 отсто) и промена на работното место (11 отсто).

Кога станува збор за семејството, 48 отсто од анкетираните биле загрижени дали ќе имаат доволно сон кога станува збор за доаѓањето на новиот член во семејството, 42 отсто стравуваат дали ќе бидат добри родители, а 40 отсто стравуваат дали ќе можат да им го овозможат најпотребното на своите дечиња.

Околу 39 отсто од жените се плашат од промената на телото, 44 отсто од породилните болки, додека 24 отсто од мажите стравуваат колку ќе им се промени начинот на живот по оформување на семејството.

Comments are closed.

bilbord