Струмичанецот Никола Ѓоргиев уште еднаш ги покажа своите квалитети во Бундеслигата

Нашиот најдобар одбојкар, Струмичанецот Никола Ѓоргиев уште еднаш ги покажа своите квалитети во Бундеслигата. Во големото дерби на двата клуба за титулата, Фридрихсхафен загуби од БР Волејс со 2:3 во сетови.

Никола Ѓоргиев

Струмичанецот Ѓоргиев запиша 27 поени и беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот. Фридрихсхафен го запиша вториот сезонски пораз и се наоѓа на второто место на табелата, додека нивниот противник БР Волејс е лидер на табелата и се уште нема пораз во досегашниот дел од сезоната.

Comments are closed.

bilbord