РК Астраион со убедлива победа над РК Алушовски

Ракометарите на Астраион од Струмица запишаа нова победа, откако со 30:26 славеа над РК Алушовски од Скопје, во натпревар од 15. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

РК Астраион - РК Алушовски - Струмица - 15. коло Прва ракометна лига - Група 1

Астраион ја продолжи победничката серија и останува на лидерската позиција на табелата со 31 освоен бод, додека Алушовски со 6 бодови се наоѓа на седмата позиција на табелата. Кај струмичани најдобри бееа Караиванов, Наков и Онче со по 7 голови, додека кај гостите со 9 голови најдобар стрелец беше Струмичанецот Андонов кој оваа сезона од редовите на Астраион кариерата ја продолжи во РК Алушовски.

Оваа беше последен натпревар за РК Астраион на домашен терен, а до крајот на есенскиот дел од сезоната им останува уште еден натпревар, гостувањето кај РК Јуниор К.В. во Скопје.

Comments are closed.

bilbord