Беласица есенски шампион, Кит-Го пријатно изненадување во есенскиот дел во ВМФЛ – Исток

Екипата на Беласица од Струмица одигра одлична есен во Втората лига – Исток. Струмичките фудбалери запишаа 11 победи, едно реми и два порази, при што постигнаа 33 голови, а примија девет. Беласица со вкупно 34 бодови е на лидерската позиција и воедно е есенски шампион.

Конкуренцијата за првото место и директен влез во Првата лига е голема. Во борба за првата позиција се Беласица, Брегалница, Кит Го од Пехчево, Тиквеш и Кожуф.

Беласица - Плачковица - ВМФЛ - Исток 14. коло - Струмица 6

Беласица започна одлично и во текот на целата полусезона имаше одлична форма. Едно од најголемите пријатни изненадувања во есенскиот дел од Втората лига – Исток е екипата на Кит Го-Пехчево. Иако, Кит Го започна лоша, сепак од коло во коло нивната форма се подобруваше и есенскиот дел го завршија на високото трето место, и тоа имаат само 4 бода помалку од лидерот Беласица.

Штипска Брегалница како се приближуваше крајот на есенскиот дел, така ја подобруваше својата форма и заврши на второто место со 31 бод, односно 3 помалку од Беласица. Големиот фаворит за влез во „елитата“, Тиквеш од Кавадарци, влезе во резултатска криза, дојде до промена на тренерот, но сепак не може да фати ритам. Екипата од Кавадарци, која лани со Силекс играше бараж за влез во Прва лига, есенскиот дел од сезоната го заврши на четвртото место со 27 бодови. Кожуф од Гевгелија влезе исто така во резултатска криза и со 26 бодови сезоната ја заврши на петтото место.

Каменица Саса од Македонска Каменица, исто така може да се смета за пријатно изненадување. Екипата која одвај обезбеди уште една сезона во Втората лига – Исток, игра во одлична форма и есенскиот дел од сезоната го заврши на шесттото место со 20 бодови. Разликата помеѓу нив и Кожуф кој е петти е само 6 бода, додека со Тиквеш кој е четврти е 7 бодови. Плачковица од Радовиш сезонава бележи лоши резултати и се наоѓа во зоната за испаѓање од лигата. Радовишани есенскиот дел го завршија на седмото место на табелата со 12 освоени бодови, што не е според очекуваното. Плачковица на домашен терен во Радовиш го загуби важниот натпревар против Саса и трите посакувани бодови, при што и кај нив дојде до промена на тренерското столче, но сепак нема подобрување на резултатите. Победа од Прилеп на последни две кола успеа да освои 4 бода и да им се приблежи на радовишани. Екипата од Прилеп е на осмата позиција и има само бод негатива во однос на Плачковица.

Екипа која е хит на социјалните медиуми, Осогово од Кочани, игра далеку под очекувањата со што веќе е многу тешко да изборат опстанок. На 14 одиграни натпревари, Осогово успеа да собере само 6 бодови. На последната позиција е екипата на Питу Гули од Крушево, екипа која исто така е далеку од очекувањата и има само три освоени бодови од 14 одиграни натпревари.

Се очекува клубовите припремите за пролеттниот дел од сезоната да ги започнат кон средината на јануари, додека почетокот на пролеттниот дел е предвиден кон март наредната година. Дотогаш клубови ќе имаат доволно време за анализа на постигнаттие резултати и можност да ги поправаат истите пролетта. Генерално, ќе гледаме возбудлив фудбал во Втората лига – Исток, бидејќи фаворитите на табелата се блиску еден во однос на друг.

Comments are closed.

bilbord