РК Астраион на домашен терен против РК Алушевски

Ракометарите на Астраион во недела, во натпревар од 15. коло од Првата ракометна лига – Група 1, на домешан терен ќе го пречекаат РК Алушевски.

РК Астраион - екипа - 05.12.2019

Во овој натпревар Астраион влегува како апсолутен фаворит за победа, пред се поради далеку подобрата екипа, форма и тоа што игра на домашен терен и пред својата публика. Судиска двојка за овој натпревар ќе биде Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Русе Наумовски, исто така од Скопје.

Натпреварот се игра во недела, со почеток од 18:00 часот во Спортската сала Парк во Струмица.

Comments are closed.

bilbord