ЖФК Тиверија Струмица се пласираше на 5-тото место на меѓународниот турнир во Црна Гора

ЖФК Тиверија Струмица минатиот викенд учествуваше на меѓународен турнир во Црна Гора. На овој турнир, екипата на ЖФК Тиверија Струмица беше елиминирана од освојувачот на турнирот ЖФК Земун од Србија, со што фудбалерките на ЖФК Тиверија се пласираа на 5. место.

ЖФК Тиверија Струмица - екипа на меѓународен турнир во Црна Гора

„Одличен турнир, секоја година организација на ниво. Благодарност до нашите пријатели ЖФК Брезница од Плевља, клуб со кој имаме одлична соработка и кои ќе бидат нашите гости на КУП на КАРНЕВАЛОТ 2020 во Струмица“, истакнаа од ЖФК Тиверија Струмица на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

bilbord