Академија Пандев на третото место го заврши есенскиот дел од сезоната

Екипата на Академија Пандев како третопласирана, во Првата македонска фудбалска лига, го заврши есеснкиот дел од сезоната.

Шкупи - Академија Пандев - 16. коло ПМФЛ - Скопје

„Пандевци“ започнаа одлично и на моменти беа и први на табелата, но останаа и во добра кондиција со Вардар за првото место, се до моментот кога влегоа во резултатска криза, и не ги направија очекувани резултати. По 18. одиграни кола, Академија Пандев има 27 освоени бодови и се наоѓа на третото место на табелата во ПМФЛ, а исто толку бодови има и Силекс од Кратово кој е четврти. Вардар е есенски шампион во Првата лига, додека шампионот Шкендија е на второто место на табелата со 28 бодови.

„Пандевци“ на последните пет натпревари забележаа две ремија и дури три последователни порази, што е далеку под очекувањата за Академија Пандев. Фудбалерите на струмичкиот прволигаш постигнаа 19 голови, а имаат примено 15.

Во однос на табелата, Вардар е лидер со 36 бодови, осум помалку има Шкендија, Академија Пандев и Силекс имаат по 27 бодови, Македонија ЃП која е петта има 26 бодови, Струга Трим Лум има 24 и се наоѓа на шесттото место. Шкупи со 22 бодови е седми на табелата, Борец со 20 бодови е осми на табелата, Ренова со 19 бодови е деветта, додека најголемо разочарување е Работнички кој е последен на табелата со 15 освоени бодови.

Следува пауза до средината на февруари, доволно време за екипите да се подготват и да ги поправат резултатите во пролеттниот дел од сезоната.

 

Comments are closed.

bilbord