Тиверија есенскиот дел од сезоната го заврши на петтото место во Третата лига – Југоисток

Екипата на Тиверија почна одлично, но влезе во резултатска криза. Во есенскиот дел од сезоната во Третата лига – Југоисток, фудбалерите на Тиверија запишаа пет победи, едно реми и четири порази, при што постигна 29, а примија 24 голови. Вкупно 16 освоени бодови, доволни за петто место на табелата.

АРХИВА

АРХИВА

Од самиот почеток на сезоната фаворити за првото место, како и фаворити за влез во Втората лига – Исток се екипите на Слога од Виница и Овче Поле од Свети Николе.

Слога е лидер на табелата и есенски шампион во Третата лига – Југоисток, со вкупно 30 освоени бодови, додека на второто место е Овче Поле од Свети Николе, со три бода помалку.

Следува пауза до пролетта, и можност за поправање на резултатите од есенскиот дел.

Comments are closed.

bilbord