Спартмани одигра лоша полусезона во Третата лига – Југоисток

Спартмани од Градско Балдовци одигра лоша полусезона во Третата лига – Југоисток. Фудбалерите на Спартмани запишаа само една победа и дури девет порази, при што имаат постигнато пет, а примено 33 погодоци.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Екипата од Градско Балдовци има освеоно само три бодови и се наоѓа на последното, 11-то место на табелата. Пред нив се екипите на беровски Малеш и Младост од Удово кои имаат по шест освоени бодови.

На врвот од табелата очекува Слога од Виница со максимални 30 бодови, додека три бода помалку имаат Овче Поле од Свети Николе. Овие две екипи важат за главни фаворити за првото место и за влез во Втората лига – Исток, во пролеттниот дел од сезоната не очекува голема битка за првото место на табелата во Третата лига – Југоисток.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o