ЖФК Тиверија Струмица ја игра седмата сезона во Првата женска фудбалска лига

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица ја игра својата седма сезона во Првата женска фудбаска лига. Во овие седум сезони, ЖФК Тиверија има одиграно 147 официјални натпревари, на кои што запишале 101 победа, на осум натпревари одиграле нерешено и претрпеле 38 порази.

ЖФК Тиверија Струмица - 7-ма сезона во ПЖФЛ

Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица имаа 636 / 206 позитивна гол разлика.

Официјални настапи:
140 натпревари – Александра Ристовска
123 натпревари – Викторија Панчурова
105 натпревари – Ивана Николова

Најдобар стрелец во клубот е Теодора Димоска со 141 постигнат гол.

„Продолжуваме со исто темпо и понатаму со посветена работа во првиот тим, а исто така и во младинската школа на која сме особено горди со постигнати одлични резултати во домашното првенство и успеси преку учество на разни турнири во соседството“, истакнаа од ЖФК Тиверија Струмица на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o