ЖФК Тиверија се пласираше во четвртфинале на турнирот во Црна Гора

ЖФК Тиверија Струмица се пласираше во четвртфинале од меѓународниот турнир во Црна Гора. Фудбалерките на ЖФК Тиверија запишаа една победа и реми, доволно за четвртфинале.

ЖФК Тиверија - во Црна Гора на турнир - екипа

Во првиот натпревар ЖФК Тиверија запиша убедлива победа од 5:1 над ЖФК Канижа Србија. Стрелци на головите во овој натпревар за ЖФК Тиверија беа Димоска со 3 гола, С. Велкова и Божиновска со по еден гол.

Во вториот натпревар ЖФК Тиверија одигра 1:1 против екипата на Олимпија од Словенија. Екипата на Олимпија е шампион на Словенија. На овој натпревар, фудбалерките на ЖФК Тиверија пропуштија многу шанси за гол. Стрелец на единствениот гол беше Димоска.

ЖФК Тиверија се пласираше во четвртфинале, а четвртфиналните натпревари продолжуваат денес (недела).

Comments are closed.

bilbord