Академија Пандев убедливо поразена во Кратово од Силекс

Академија Пандев загуби во Кратово со убедливи 3:1 од Силекс, со што се продлабочи кризата кај „пандевци“, додека Силекс со победа ја затвори есенската полусезона.

Силекс - Академија Пандев - 18. коло ПМФЛ - Кратово 2

Академија Пандев не знае за победата во Кратово, а истото се случи и денес. Струмичани не знаат за победа уште од 27 октомври, односно седум натпревари во низа „Пандевци“ немаат победа. Нивниот скор на овие седум натпревари е четири порази и три ремија.

Академија Пандев по поразот од Кратово останува на третата позиција со 27 бодови, но сега исто толку бодови има и Силекс кој е четврти.

Колото ќе биде комплетирано утре, кога ќе се одиграат и останатите четири натпревари. Шкупи на домашен терен ја чека Македонија ЃП, Струга Трим Лум е биде домаќин на Борец од Велес, Ренова дома ќе игра работнички, додека дерби на колото е натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o