РК Астраион со убедлива победа над МРК Куманово

Ракометарите на Астраион запишаа нова победа, откако на домашен терен со убедливи 32:25 (17:7) го победија МРК Куманово, во натпревар од 12. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

РК Астраион - екипа - 05.12.2019

Во оваа рутинска победа на „Астраионци“ во листата на стрелци се запишаа дури 13 играчи. Караиванов со 8 гола, Ончев и Наков со по 4 гола, Касапов и Кавазов по 3, Котевски, Велков и Катранџиев по 2 гола, додека Кочев, Спасов, Ефтимов, Рингов и Димитриев по еден гол. На овој натпревар и кадетите добија своја минутажа на овој натпревар и ја оправдаа довербата на своите тренери.

Во следното коло, кое се игра во недела со почеток од 19:00 часот, РК Астраион во салата „Парк“ во Струмица, ќе ја пречека екипата на РК Риниа од Скопје.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o