ЖФК Тиверија утре против ЖФК Речица во последното коло од есенскиот дел

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица утре (четврток) ќе игра против ЖФК Речица на гостински терен, во натпревар од 13. коло од Првата женска фудбалска лига. Оваа е последно коло од есенскиот дел од сезоната.

ЖФК Тиверија - екипа 04.12.2019

ЖФК Тиверија по 12. одиграни кола се наоѓа на второто место на табелата со 31 освоен бод, и има негатива од само три бода во однос на лидерот ЖФК Каменица Саса. ЖФК Речица е осмопласирана на табелата со 16 освоени бодови.

Натпреварот се игра на теренот во с. Речица со почеток од 12:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o